• Сподели на:

18 знаци дека сте стара душа заглавена во младо тело

___

Чекај, колку рече дека имаш?!“ – ако оваа фраза или нејзина варијација сте ја чуле безброј пати во животот, тогаш вие сигурно сте стара душа заглавена во тело на млада личност.

sakate-da-stanuvate-rano-18-znaci-deka-ste-stara-dusha-zaglavena-vo-mlado-telo-001.jpg

Можеби затоа што сте читале премногу книги или сте биле изложени на смут џез во матката или уште како мали сте биле премногу мудри за вашите години.

Некои луѓе ве сметаат за здодевни, но вистината е дека вие немате време за нивните глупости – и нема ништо лошо во тоа.

А, ова се 18-те нешта кои ги разбирате само вие:

1. Отсекогаш сте сакале да седите со возрасните, а не со децата.

2. Како дете, книгите отсекогаш ви биле поомилени отколку останатите желби и грижи како на другите деца.

3. Вие сте личност која го обожува раното станување, не сте ноќна птица. Повеќе сакате да се разбудите во 5 часот наутро и да одите во библиотека, отколку да останете будни цела ноќ и да бидете во ноќен клуб.

4. Рачно напишаните писма се најважното нешто во вашиот живот и ниту една технологија нема да го промени тоа.

5. Уште кога бевте дете, луѓе од различни возрасти доаѓаа кај вас за совети. Дури можеби имате давано љубовни совети на вашата дадилка.

6. Не можете да се замислите во врска со некој помлад од вас – секогаш ве привлекувале постарите партнери.

7. Бидејќи ви е тешко да се поврзете со вашата генерација, многу полесно се поврзувате со луѓе кои ве разбираат.

8. Навикнати сте да не ве сфаќаат сериозно – тоа ви се случува цел живот. Никој не може да верува дека 12 годишно дете искрено е заинтересирано да работи во библиотека, да учи да плете или да се запише на часови по класични танци.

9. Колегите и познаниците се секогаш зачудени кога ќе дознаат колку години имате.

sakate-da-stanuvate-rano-18-znaci-deka-ste-stara-dusha-zaglavena-vo-mlado-telo-2.jpeg

10. Попрво би пиеле чај и би читале книга отколку да одите на спектакуларна забава.

11. Постојано ве обвинуваат дека се однесувате родителски.

12. Додека сите ја искусуваа лудата тинејџерска фаза која е полна со бунтновност, вие ги разбиравте правилата и ограничувањата во вашиот живот.

13. Луѓето толку често ве нарекуваат здодевни, што тоа ви стана прекар.

14. Додека вашата генерација гледаше цртани филмови, вие почнавте да читате класици и гледавте стари филмови.

15. Емпатијата ви е најубава и најголема слабост – моменталните случувања влијаат на вас, многу повеќе отколку на другите затоа што вие ги разбирате импликациите на природните катастрофи, војната и политиката.

16. Тешко ви е да ја прифатите вашата „весела страна“ и да се „забавувате“ бидејќи не ја гледате смислата во тоа.

17. Вашето покер лице го усовршивте со текот на годините, особено кога слушавте здодевни, плитки разговори.

18. Другите луѓе се грижат за стареењето, а вие веќе го прифативте – се чувствувате како да одите дома.


Оставете коментар

___