• Сподели на:

Пет најголеми уништувачи на буџетот

___

Сите ние непотребно трошиме пари понекогаш. Расипништвото се храни самото себе или вие не сте истражувале за да ги подобрите резултатите. Парите кои се “фрлаат” може да се лимитираат со таргетирање на пет главни “непотреби трошачи на пари”. Овие работи можат да ви го расипат буџетот побрзо отколку што мислите.

Импулсивно купување

Големи попусти изгледаат примамливо за многу работи кога ќе ги погледнеме во продавница, но кога после неколку употреби предметот ќе заврши со собирање прашина, сфаќате дека можеби било подобро да сте ги потрошеле парите за нешто друго. Потрошени пари си се потрошени пари, но импулсивното купување може да биде еден од најголемите расипници на буџетот.

Некои истражувања покажале дека отприлика 66% од сите одлуки за купување се направени во продавница од кои дури 53% се импулсни купувања.

Една од најдобрите работи кои можат да се направат е да се направи список на тоа што е потребно, но и да се држите до списококот. Воспоставете “период на чекање” за работите што импулсно сакате да ги купите. Така ќе заштедите за нешто што не е неопходно, но можете да си го купите кога ќе помине периодот за чекање.

Носење на кредитната картичка

Дури и кога износите изгледаат мали, вистината е дека голем дел од тоа се плаќања за идни камати. Избегнувајте да ставате повеќе пари на кредитната картичка отколку што можете да платите. И доколку влезете во минус, пробајте најбрзо што можете да излезете од минусот.

Купување брендирани имиња

Брендираните производи често чинат многу повеќе од останатите “просечни” производи. Ова особено важи за гардеробата. Доколку најдете од просечните производи со сличен квалитет ќе заштедите многу.

Често јадење надвор

За време на рецесијата многу луѓе ги сменија своите навики за јадење, така што повеќе јадат дома отколку надвор.

Не само дека храната подготвена во ресторан чини повеќе пари по лице отколку готвењето на оброците дома, туку ќе морате и да дадете напојници. Доколку сепак сакате да јадете во ресторани, потрудете се и ограничете тоа да биде само за некои поводи.

Банки и АТМ машини

Можеби ќе се изненадите колку банкарските и провизиите на АТМ машините допринесуваат до растурањето на буџетот. Провизиите на АТМ машините се многу големи кога користите АТМ што не е во сопственост на банката која ја користите. Дознајте колкави провизии плаќате и размилсете за менување на банките доколку најдете пониски провизии.

 


Оставете коментар

___