Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

финансии

Како да заштедите пари мудро!

Иако добар начин да заштедите пари е да избегнете да трошите на скапи работи, најдобар начин да заштедите е да заштедите на работите за кои обично давате пари. Еве неколку места каде би можеле да заштедите:
Комунални услуги
Кога станува збор за сметка за телефон и интернет, постојат многу начини да заштедите. За почеток, можете да се определите за основен пакет на кабловска телевизија кој е поефтин или за пакет интернет со помала брзина. Исто така, постојат и посебни понуди да плаќате телефон, интернет и телевизија по помала цена.
А, за да заштедите на електрична енергија, заменете ги сите светилки со оние еколошките, долготрајните и секогаш исклучете ги од струја сите апарати ако не ги користите. Исто така, ограничете ја количината на вода во бољерот која ја загревате, а која ви е сосема доволна за секојдневно одржување на хигиена.
Храна
Почнете да подготвувате храна и кафе дома и истата однесете ја на работа. Експертите советуваат дека, наместо да правите шопинг листа, направете неделно мени на кое ќе се придржувате и во согласност со него ќе ги купувате намирниците. Причина за тоа е тоа што на овој начин ќе избегнете акумулација на храна која подоцна половина ќе ја исфрлите, бидејќи нема да стигнете да ја изедете. Ако не успеете да изедете се што сте подготвиле за ручек, искористете го тоа за вечера или за утрешниот ручек. Така ќе заштедите повеќе пари.
Ноќен живот
Гледајте филмови дома наместо да трошите пари на карти за во кино. Или организирајте собирање со пријателите во вашиот дом, секоја нека одвои пари за пијалоци и храна и секако помалку ќе потрошите отколку да излезете во ресторан. Ако сакате да одите во клуб, направете журка во вашиот дом, подгответе едноставни и ефтини коктели и сите ќе си поминете одлично. Само известете ги комшиите на време!
Превоз
Ако е можно, максимално искористете го јавниот градски превоз. Исто така, ако местото каде сте се упатиле е релативно блиску, одете пеш или со велосипед. Покрај тоа, можете со колегите од работа кои имаат автомобил да поделите пари за гориво и да се возите со нив на работа.
Шопинг
Сите сакаат да најдат нешто добро на попуст, но никако не е добро постојано да бидете бомбардирани со специјални понуди и попусти за тој ден. Одјавете се од сите рекламни мејлови кои ви пристигнуваат секојдневно и ве известуваат за попустите. Кога е потребно, искористете се што ви се нуди, но тоа никако немојте да го практикувате често.
Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Green Tea

Антибиотската терапија е неопходна за уништување на бактерии и бактериски инфекции, но додека се прави тоа може да предизвика колатерална штета во дигестивниот тракт....

Advertisement