Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

финансии

Финансиски фитнес за жени

Дали сте финансиски стабилна жена? Имате контрола врз своите долгови, приходи, трошоци и навики?

Финансискиот фитнес е еднакво важен како и физичикиот и менталниот фитнес.

Морате да вежбате за да останете во форма!

Оддвоете време и размислете за своите финансии како и за финансиските навики.

Направете финансиски план, план на приходи, трошоци и штедење. Ако веќе имате таков план, проверете дали нешто се променило и приспособете го планот на новата ситуација.

Идентификувајте ги недостатоци во вашиот финансиски план.

Ако не сте финансиски независни, размислете како моќете да го постигнете тоа. Колку често ви треба финансиска потпора од сопругот, пријателите или родителите.  Поради кои причини?

Прочитајте нешто на интернет во весниците или гледајте некоја емисија за располагање со пари. Така ќе останете во тек со новитетите, ќе откриете нови начини да се справите со навиките во зависност од вашите финансии.

Дознајте каде ви одат парите! 

Финансиските стручњаци велат дека приходите треба да ги распределите во категории. На пример, 10% од вашите приходи нека бидат за штедење и инвестиции, 25-40% на кредит за стан (или дел на трошковите за кирија и дел на заштеда за стан), 10-20% на храна… Проверете кои ставки ви се преголеми и како да се намали трошокот за нив.

Секој  месец правете пресметка на месечните приходи, расходи, чекови и картици. Платете ги сите доспеани обврски. Немојте да влагате во недозволен минус, и бидете редовен плаќач. Така, во случај на потреба за кредит, имате подобри предиспозиции за негово одобрување.

Не заборавајте, вие мора да ги контролирате вашите пари, а не они вас! Можеби вие ќе треба да го прилагодите вашето однесување во нивното трошење, но добро би било вие секогаш однапред  да предвидите колку смеете да потрошите, а не во текот на месецот да откажувате договори поради тоа што ви фалат пари.

Запамтете! Парите се само алат               ! Тие вас ќе ве однесат каде што ќе посакате, но како возач тие неможат да ве заменат.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

ајната на витката фигура на Џенифер Лопез лежи во неколку едноставни состојки. Поранешниот личен готвач на Џенифер Лопез откри како изгледа исхраната на познатата...

Green Tea

Ако ви се чини дека страста во врската малку се смирилa и рутината преовладала, можеби е време за мал пресврт. Добри вести? Не ви...

Green Tea

Кожата на деколтето е меѓу првите што покажува знаци на стареење. Кожата на вашето деколте, слично како и на вратот и рацете, е позната...

Green Tea

Доколку имате проблеми со варењето, најдобро е да вклучите повеќе од овој зеленчук во вашата исхрана. Многумина ќе бидат изненадени, бидејќи е познато дека...

Advertisement