Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

финансии

8 едноставни начини да го убедите вашиот шеф дека сте фантастични (и незаменливи)

Без разлика дали се работи за покачување, унапредување или добра препорака, сите сакаме да го импресионираме шефот. Но дали сте подготвени да работите прекувремено и да работите за време на викенд? Еве што треба да направите за да го импресионирате шефот и да му покажете дека сте незаменливи.

 

 

1) ПРЕТРКАЈТЕ ГО ЧАСОВНИКОТ

 

Повеќето шефови доаѓаат во исто време во канцеларија. Обрнете внимание на тоа. Доколку вашиот шеф секое утро доаѓа во 7:50, вие дојдете во 7:45 (дури и ако работното време ви започнува во 8 часот).

 

Ако дојдете пред шефот, му испраќате сигнал дека ја сакате својата работа и дека сакате да работите. Затоа својата пауза подоцна во текот на денот, можете да ја продолжите за 15 минути.

 

2) КАЖЕТЕ „ДОБРО УТРО“

 

Колку и да се чувствувате поспани, безволни или мамурни наутро, навлечете широка насмевка на лицето и посакајте му добро утро на шефот.

 

Само овие два збора би можеле да ве класифицираат во помнењето на шефот како некоја која секогаш допринесува за убав почеток на неговиот ден.

 

3) ВОЛОНТИРАЈТЕ СТРАТЕШКИ

 

Ако сте на состанок и ако се бара волонтер за некоја работа, бидете првата која ќе се пријави. На тој начин ќе делувате ангаширани и со добра волја. Ова тешко ќе го остварите ако сете и онака затрупани со работа, но ако се пријавите за волонтирање на нешто што е предизвик, ќе ја подобрите сликата која луѓето ја имаат за вас.

 

4) БИДЕТЕ МАЈСТОР ЗА ПЕЧАТАЧ

 

Дури и ако тоа нема врска со описот на вашето работно место, дознајте каде стојат резервните тонери за печатачот и како да ги наместите. Кога печатачот ќе се расипе, прашајте некој да ви покаже како да го поправите. Кога на вашиот шеф ќе му се расипе печатачот а тој е во збрка, вие ќе го спасите и тој нема да го заборави тоа.

 

5) КАЖЕТЕ „БЛАГОДАРАМ“

 

Ако сте добиле покачување, ако сте унапредени или сте добиле еден ден одмор повеќе, задолжително заблагодарете му се на шефот. Ако е возможно, заблагодарете му се веднаш директно и најдете уште некој начин да му покажете благодарност. За тоа, не ви се потребни повеќе од 10 минути..

 

Напишете му мејл на шефот во кој ќе му се заблагодарите. Што мислите, кој кој ќе биде прв на листата следниот пат кога ќе има покачување?

 

6) СВАРЕТЕ КАФЕ

 

Заради ова ќе ве сакаат многу луѓе од вашата канцеларија, не само шефот. Секогаш кога сте во можност, прашајте го шефот дали сака кафе (но не претерувајте, бидејќи ако го прашувате неколку пати дневно, ќе постигнете спротивен ефект). Тој мора да забележи дека вие сте само пријателски насторен работник кој се грижи за него.

 

7) КОРИСТЕТЕ ГО ВИСТИНСКИОТ ЖАРГОН

 

Добро обрнете внимание на речникот на вашиот шеф. Внимавајте како ги пишува мејловите, како разговара на состаноците, а како разговара насамо со вас. Мора да бидете на иста бранова должина со својот шеф. Некогаш може да се извлечете од нешто само со неколку вистински зборови.

 

8) ЛАЖИРАЈТЕ ЕНТУЗИЈАЗАМ

 

Дури и ако ви е досадно на работа, лажирајте ентузијазам секогаш кога можете. Навлечете широка насмевка на лицето и ентузијастично зборувајте им на сите за својата работа. Вашиот шеф ќе мисли дека искрено сте посветени на својата работа. А најверојатно и самите вие ќе уживате во неа доколку така се однесувате.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

ајната на витката фигура на Џенифер Лопез лежи во неколку едноставни состојки. Поранешниот личен готвач на Џенифер Лопез откри како изгледа исхраната на познатата...

Green Tea

Ако ви се чини дека страста во врската малку се смирилa и рутината преовладала, можеби е време за мал пресврт. Добри вести? Не ви...

Green Tea

Кожата на деколтето е меѓу првите што покажува знаци на стареење. Кожата на вашето деколте, слично како и на вратот и рацете, е позната...

Green Tea

Доколку имате проблеми со варењето, најдобро е да вклучите повеќе од овој зеленчук во вашата исхрана. Многумина ќе бидат изненадени, бидејќи е познато дека...

Advertisement