Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Шармантен трособен стан во Стокхолм

Трособниот стан во Стокхолм е вистински пример за моќниот и инспиративен скандинавски дизајн. Но, дизајнерите во овој случај ја освежиле карактеристичната белина која преовладува во скандинавските станови со детали во живи бои.

Едноставен, со претежно бел мебел, дрвени потпорни греди и ѕидови од цигли… совршена околина за создавање на живописен ентериер кој сопствениците го оживеале со мноштво бои, односно со розови, сини и портокалови тонови. Трособниот стан во поткровјето изобилува со шарм и е сјајна инспирација за уредување на домот.

Силните бои создаваат моќен визуелен впечаток, а се со цел ентериерот да не делува конфузно и нападно, дизајнерите одлучиле да се фокусираат на понежните бои.

Целиот стан е одличен пример за ентериер кој успешно го спојува модерниот и традиционален дизајн, создавајќи пријатен контраст за човековото око. Истовремено, станот делува пространо и удобно. Кујната, трпезаријата и дневната соба создаваат еден голем простор без прегради кој е и стилски совршено вклопен, а во станот се наоѓаат и три спални соби, секоја уредена во различна боја.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Green Tea

Антибиотската терапија е неопходна за уништување на бактерии и бактериски инфекции, но додека се прави тоа може да предизвика колатерална штета во дигестивниот тракт....

Advertisement