Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Се прашувате зошто луѓето НЕ ВЕ САКААТ? Постојат 3 причини зошто се случува ова

Доколку се чувствувате вака, психолозите советуваат прво проблемот да го побарате во вас.

Секако, не можете да ги задоволите сите, но понекогаш веројатно имате впечаток дека сте изолирани од другите и дека луѓето не ве сакаат.

Убедени сте и вие дека колку повеќе се трудите, толку помалку добивате љубов и почит од другите.

Логично, ве интересира зошто се случува ова, а психолозите најпрво ве советуваат да се посветите на себе и да проверите дали (честопати не знаејќи) правите една од трите големи грешки.

Дали покажувате дека се грижите?

Желбата другите да се грижат за вас е нормална, но вистинското прашање е колку се грижите за другите. Ако сте добри во земање – барате што можете да добиете и не забележувате што другите сакаат од вас, не е ни чудо што луѓето не сакаат да бидат пријатели со вас.

Колку често покажувате грижа за другите? Дали прашувате што им се случува или забележувате што им е потребно за да се чувствуваат среќно и безбедно? Или веднаш преминувате на приказната за себе и како другите можат да ви служат?

Колку сте емпатични?

Кога слушате за страдање на некој друг, дали мислите дека тоа е нивни проблем, и дека не треба да се грижите за тоа? Дали чувствувате одбивност кон туѓите предизвици и проблеми?

Можете ли да препознаете кога некој е повреден, исплашен или тажен? Дали на непријатните емоции гледате закана за сликата што сакате да ја претставите?

Начинот на кој се справуваме со нашите чувства одредува како ќе реагираме на чувствата на другите. На пример, ако непријатноста или срамот ви се неприфатливи, може да се фатите како напаѓате и судите други без да забележите дека срамот ве поттикнува.

Лутите испади можат да ве заштитат од неподнослива болка, така што вашиот срам го пренесувате на другите за да не мора да го чувствувате тоа. Се разбира, луѓето нема да не сакаат ако се чувствуваат засрамено.

Ако сметате дека емоциите се непријатни, тогаш нема да забележите кога другите ги покажуваат. Тешко е да очекувате некој да ве сака, кога не ги забележувате неговите чувства и не сочувствувате со него.

Колку сте арогантни?

Дали застанувате и дозволувате другите да одговараат на вашите мисли и ставови или не ве интересира туѓо мислење. Дали веднаш отфрлате нешто што не се согласува со вашите верувања? Дали сте убедени дека секогаш сте во право?

Дали имате сила повремено да признаете дека не сте во право и да дозволите другите да влијаат на вашето мислење? Ароганцијата е непријатна одлика и може да придонесе за изолација од другите.

Секој сака да почувствува дека неговите чувства и копнежи се важни. Ако успеете да пронајдете флексибилност во себе и да им покажете на луѓето дека ги почитувате нивните чувства, другите веројатно ќе ве гледаат поинаку и ќе ве сакаат.

Обидете се да најдете рамнотежа помеѓу земањето и давањето. Слушајте внимателно и вратете го покажаното внимание и луѓето ќе се однесуваат сосема нормално, поинаку кон вас.

Ако можеме да им покажеме на луѓето барем малку грижа или внимание, тие ќе го ценат тоа, дури и кога не го правиме тоа совршено.

 

Прочитај

Wall Street

Директорот на Државна лотарија, проф. д-р Александар Климовски во своето излагање на јавната дебата за предлог законот за игрите на среќа и забавните игри,...

Cotton Club

Луис Хамилтон и Колман Доминго беа меѓу гостите во првиот ред на ревијата на Ралф Лорен за време на Неделата на модата во Милано,...

Green Tea

Толеранцијата на фрустрација кај децата се намалува, а психолозите како главни причини ја наведуваат прекумерната заштита и недостатокот на искуство во справувањето со мали,...

____celebrity

Се најдобро за неа! Колумбиската пејачка Шакира повторно го привлече вниманието на јавноста, овој пат за опуштена семејна прошетка со своите синови Милан и...

Advertisement