Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

ОДЛИЧНО! Погледнете Како Изгледа Зајдисонцето од Перспектива на Останатите Планети во Нашиот Сончев Систем

Бојата на небото на која било планета е одредена согласно уникатната мешавина на молекулите во атмосферата. Кога сончевата светлина поминува низ атмосферата, овие молекули ја распрснуваат светлината на специфични начини. 

Џеронимо Виљануева, експертот за планети при Центарот на НАСА за вселенски летови- Годард, состави видео-симулација за тоа како изгледаат зајдисонцата од перспектива на другите планети. Инаку, симулациите се направени со алатките за компјутерско моделирање, кое што научниците во иднина би можеле да го искористат за проучување на вселенската атмосфера. 

Овој научник покажа како може да изгледа небото кога денот станува ноќ на Земјата, Венера, Марс, Уран и на најголемата месечина на Сатурн – Титан. 

Овие анимации го прикажуваат погледот на небото како да гледате низ супер широк објектив на камера од Земјата, Венера, Марс, Уран и Титан. Белата точка ја означува местоположбата на Сонцето – објаснуваат од НАСА.

Зајдисонцата на останатите планети изгледаат сосема поинаку од оние на Земјата. На пример, небото над Уран е кралско-сина боја, која подоцна преминува во жолтеникаво-кафена. 

Зошто постои толкава разлика?

Бојата на небото на која било планета е одредена согласно уникатната мешавина од молекули во атмосферата. Кога сончевата светлина поминува низ атмосферата, овие молекули ја распрснуваат светлината на специфични начини.А, кога тоа се случува се предизвикува светлината на одредена бранова должина да биде видлива за човековото око. 

Кога сончевата светлина, која ги создава сите бои од виножитото, ќе стигне до атмосферата на Уран, хелиумот и метанот го апсорбираат црвениот дел од светлината. Сините и зелените делови од светлината, кои се пократки бранови должини, се расфрлаат додека фотоните ги одбиваат молекулите од плин и останатите честички во атмосферата. Сличен феномен на овој, предизвикува и небото на Земјата, кога денот е ведар, да изгледа сино – велат од НАСА. 

Прочитај

Uncategorized

Овесна каша, мед и јаболков оцет можат брзо да го смират чешањето и црвенилото по каснување од комарец. Колку и да го сакаме летото,...

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Advertisement
grandpashabet   holiganbet   casibom   casibom