Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Живописни острови каде ќе сакате да го поминете следниот одмор

Навистина е тешко да се избере кое место да го посетите следно имајќи предвид дека планетата Земја изобилува со толку убави и исклучителни места.

Najzivopsinite-ostrovi-niz-svetot-kade-kje-sakate-da-go-pominete-vasiot-odmor-00

Островите се сигурно едни од најволшебните места за одмор тргнувајќи од фактот дека ако имате можност да се искачите на некоја повисока точка погледот со сигурност ќе би биде спектакуларен.

Ако некогаш сте се запрашале кои се најубавите острови кои може да ги посетите еве го одговорот;

1. Капри, Италија

Тајни заливи со тиркизни води, градини во форма на тераси и урнатините од Палатата на задоволствата на императорот Тибериј се она кое ќе ви привлече на овој мал карпест остров на брегот на Амалфи.

Najzivopisnite-ostrovi-na-svetot-kade-kje-sakate-da-go-pominete-vasiot-odmor-01

2. Хидра, Грција

Малечок и тивок рај до кој ќе стигнете за помалку од еден час со бројд од Атина. Камените улици без автомобили, мирот и големиот број на таверни и кафулиња ќе ве натераат веднаш да заборавите на метежот и градската гужва која сте ја оставиле зад себе.

Najzivopisnite-ostrovi-na-svetot-kade-kje-sakate-da-go-pominete-vasiot-odmor-02


3. Маун Дезрт, Мејн

Националниот парк „Акадија“ е местото кое никако не смеете да го пропуштите, како и колоритниот „West Street Hotel“ отворен во 2012-та година со прекрасен базен на покривот и извонреден поглед кон заливот.

Najzivopisnite-ostrovi-na-svetot-kade-kje-sakate-da-go-pominete-vasiot-odmor-03

4. Островите Аран, Ирска

Составени од три помали острови, Инишмор, Инишман и Инишер, оваа група острови се одликува со посебна мрачна убавина која одговара на урнатите од Дон Ангус стари 2.000 години. Дон Ангус била некогашна келтска тврдина сместена на гребен за која постоеле верувања дека била позната како работ на светот.

Najzivopisnite-ostrovi-na-svetot-kade-kje-sakate-da-go-pominete-vasiot-odmor-04

5. Мореа, Француска Полинезија

Името на островот во превод значи жолт гуштер, а денес е едно од најпопуларните места за меден месец кое ви нуди време поминато во допир со природата.

Najzivopisnite-ostrovi-na-svetot-kade-kje-sakate-da-go-pominete-vasiot-odmor-05

6. Сејшели

Тропски рај кој ќе го засакате заради прекрасните песочни плажи и тропските шуми, дом на црните папагали и огромните желки.

Najzivopisnite-ostrovi-na-svetot-kade-kje-sakate-da-go-pominete-vasiot-odmor-06

7. Мауи

Огромниот број на активности кои овој остров ви ги нуди нема ни за момент да дозволат да ви биде досадно. Од набљудување на китови, до планинарење и водени спортови, овој остров ќе ви ја покаже најубавата страна на природата.

Najzivopisnite-ostrovi-na-svetot-kade-kje-sakate-da-go-pominete-vasiot-odmor-07

8. Санторини, Грција

Прекрасно место каде можете да уживате во зајдисонца и извонредна архитектура во која доминираат белата и сината боја.

Najzivopisnite-ostrovi-na-svetot-kade-kje-sakate-da-go-pominete-vasiot-odmor-08

9. Бора Бора, Француска Полинезија

Еден од најубавите острови низ светот според изборот на многумина каде можете да уживате во кристално чистата вода и долгите плажи со бел песок.

Najzivopisnite-ostrovi-na-svetot-kade-kje-sakate-da-go-pominete-vasiot-odmor-09

10. Лос Рокес, Венецуела

Со спектакуларни корални гребени и воодушевувачки подводен свет воопшто не е чудно што овој архипелаг бил прогласен за национален парк во 1972-та година. Нуркањето покрај овие корални гребени е нешто не смеете да го пропуштите.

Najzivopisnite-ostrovi-na-svetot-kade-kje-sakate-da-go-pominete-vasiot-odmor-10

 

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...