
Летувањето не е целосно без добра медитеранска храна, грчка салата и морски плодови.
Затоа ви нудиме листа на топ 10 најдобри ресторани со највкусна храна која треба да ја имате предвид ако летувате во Грција.
Листата е направена од корисниците на TripAdvisor:
1. Ouzeri Tsapari, Пефкохори
Тука ќе најдете медитеранска, грчка и морска храна, и тоа за релативно ниски цени.


2. Ouzerie, Сани Бич
Локал каде може да ги задоволите сите сетила. Почнувајќи од храната, па сè до амбиентот и погледот, овој ресторан е наменет за оние со истенчен вкус.


3. Mouragio, Геракини
Местото каде не може да одите, а да не пробате морска храна. Амбиентот во оваа таверна е посебно романтичен навечер, кога може да вечерате под пригушено светло на зелената тераса.


4. Ammos Restaurant, Сани Бич
Ресторан кој може да се пофали со европска, медитеранска и грчка кујна, а амбиентот е прекрасен во било кој дел од денот. Вечерата на зајдисонце тука има посебен ефект.


5. Soboro Beer Bar & Restaurant, Афитос
Ресторан и бар во кој цените се релативно ниски, а пијалаците и медитеранските специјалитети може да ги вкусите на една од најромантичните тераси.


6. Anemomilos, Геракини
Уште едно романтично ресторанче направено од камен, дрво и многу зеленило. Сите кои го посетиле се воодушевени од морските специјалитети, па не би требало да ги пропуштите.


7. Bakalis, Пефкохори
Место каде не можете да одолеете на комбинацијата од вкусна храна и добар поглед. Тука може да појадувате покрај мирното море, да ручате под сенка или да вечерате во романтична атмосфера покрај бранови.


8. Kritikos Gallery & Restaurants, Уранополи
Храна и амбиент за оние со префинет вкус. Секој кој бил си заминал со пофалби и полн стомак.


9. Macaroni, Сани Бич
Грчки амбиент со италијанска храна – совршено. Добар избор на автентични специјалитети кои може да ги вкусите на летната тераса под големи бели чадори, опкружени со зеленило.


10. Mamma Mia, Сарти
Уште едно место каде може да измешате италијанска и грчка храна, а важи за најдобар ресторан и бар во целото гратче. Пристапните цени се уште еден голем плус.



You must be logged in to post a comment Login