Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Дали навистина живее некој таму? Прекрасен град на југот на Франција што ги збунува туристите

Средновековниот Каркасон е еден од малите европски градови што вреди да се посети. Сместено е на југот на Франција во долината на реката Ауде, меѓу Пиринеите и Централниот масив, а поради својата убавина и моќните sидови, често се наоѓа на списоците на најдобро зачувани европски убавици. Каркасон е опкружен со лозја и планини, како и ливади кои мирисаат на цвеќиња и билки. Ако барате град што волшебно се издигнува на француски југ, Каркасон е идеален кандидат. Двојни бедемови дрвја што се протегаат дури 3 километри со 52 одбранбени кули, катедралата Свети Назаир од 11 век, замокот Комал (околу 1125 година), црквата Сен Винсент и Сен Мишел се дел од светското културно наследство, од 1997 година. Замокот од бајките, улиците на кои не им недостасува шарм, како и готската катедрала сочинуваат загатка од прекрасни сцени што може да се најдат таму. Исто така вреди да се посети „Канал ду Миди“, идеален за крстарење и релаксирање во природа. Мостовите и зградите се вклопуваат толку хармонично со околината што каналот честопати се споредува со уметничко дело.

Во стариот дел на Каркасон има помалку од 50 домаќинства со постојани жители, и тој број се чини уште помал во споредба со четири милиони туристи годишно што имало пред пандемијата. Многу туристи не се свесни дека луѓето навистина живеат таму, многумина мислат дека градот е исклучиво туристичка атракција.

Жителите позади ѕидовите живеат од туризам, но се среќни да паузираат во текот на зимата кога нивниот секојдневен живот ќе се врати во нормала, без големи „реки“ од луѓе на секој чекор. Поради ова, многумина се преселија во поновиот дел – Бастид Сент Луис, кој се наоѓа на 1,5 км западно од средновековниот град. Иако малку туристи го посетуваат, Бастид Сент Луис има интересни музеи и прекрасни кафулиња.

Минатото на Каркасон е сè друго освен мирно. Градот е населен уште од петтиот век п.н.е., а подоцна стана римска колонија. Едно време го држеа Сарацените, се додека Пипин Малиот не ги протерал. Градот бил уништен во албигенските војни и во 1247 година бил припоен кон француската круна. По задушувањето на бунтот, дел од жителите се преселиле на другиот брег на реката Ауда и ја основале Вила Басе. Дури и денес може да се види оваа поделба помеѓу постариот дел (Cité) од десната и поновата (Ville basse) на левиот брег на реката Ауде.

Прочитај

____celebrity

Сите зборуваат за романсата помеѓу русокосата актерка и познатиот актер. Во последните денови, сите зборуваат за љубовната врска помеѓу Памела Андерсон (58) и Том...

Fashion

Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер. Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер во Кан,...

____celebrity

Борбата на Брус Вилис со деменцијата ја тресе јавноста со години. Борбата на Брус Вилис со деменцијата со години го потресува неговото семејство и...

Green Tea

Витаминот Д игра клучна улога во одржувањето на здравјето на коските, зајакнувањето на имунитетот и правилното функционирање на телото. Витаминот Д е еден од...

Advertisement