Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

ДИ ДЕЈ

Најромантичните дестинации за меден месец во Европа

Скоро сите луѓе кога тргнуваат на патување со својата сакана особа, пред се на ум имаат некоја романтична дестинација. Тоа особено се однесува за медениот месец.

Секако, под романтична дестинација се подразбира место покрај вода,ресторани со вкусна храна и добро вино.Доколку барате такви места низ Европа да видиме кои се најромантичните места на стариот континент.

  1. Париз-Франција

Иако звучи како клише, кога ќе го посетите Париз, веднаш ќе Ви биде јасно зошто токму главниот град на Франција важи за најромантичниот град во Европа. Покрај убавите прошетки по неговите улици,секогаш добра опција е крстарењето по Сена  или да се качите на познатата Ајфелова кула и да го гледате целиот град на дланка. Меѓутоа, она што е најпрепорачливо е да се качите на Монмартр и да порачате француски доручек во некој од рестораните од каде се пружа извонреден поглед на градот.

 

 

2. Венеција-Италија

Со својата архитектура и таинствените тесни улички, Венеција е совршено место за заљубените парови. Задолжително е возењето со гондола, италијанските јадења на свеќи и секако прошетка на месечина низ Плаза Сан Марко. Романтиката е загарантирана.

 

3. Ница- Франција

Ница е вистинското космополитско место на француската ривиера. Комбинацијата на модерни ресторани и поглед на Азурниот брег е идеална за романтични моменти. Посебен впечаток на тоа даваат и пристаништето со бродови, галериите и музејот Матисе.

 

4. Будимпешта- Унгарија

Будим и Пешта, двете половини на унгарската престолнина поделена со убавиот Дунав, изобилуваат со тесни улички кои се створени за романтични прошетки. Будимпешта е позната уште и како ,,источен Париз” каде што не смеете да ја пропуштите можноста да го посетите романтичниот остров Маргарет.

 

5. Крф – Грција

Крф е еден од најпознатите острови на Јонското Море и е волшебно место за заљубените парови. Островот е прошаран со бели куќички, византиски цркви и тврдини.Посебен печат на романтичното патување на ова место даваат убавите поплочени улички.

 

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Route 66

Ова е целта што инвеститорот според бизнис планот и потпишаниот договор е должен да ја исполни – посочи Деспотовски. Според медиумите од Северна Македонија,...

Fine Living

Распространетиот коњанички имот има замок со осум спални соби и 150-години стара чуварска куќа. Двејн Џонсон се префрли во селата на Џорџија.Ентитет поврзан со...

Route 66

Повикувајќи се на добро информирани извори, Bloomberg објави дека Renault размислува да продаде дел од својот удел во Nissan за да собере неколку милијарди...

Fine Living

Домот на Ема Робертс покажува како да се создаде атмосфера на топлина и релаксација во со детали, бои и материјали.Актерката(и внука на Џулија Робертс)...

Advertisement