Разликата во висина повеќе од очигледно е дека за нив не е пречка кога станува збор за изборот на партнер.
Шекил О’Нил и Латициа Рол
Еден од најголемите играчи во НБА, кошаркарот Шекил О’Нил е во врска со убавата Латициа. Како поранешен кошаркар тој е 216 см, секоја девојка би била ниска спрема него, но тоа очигледно не е проблем. Оваа двојка ужива во љубовта од средината на минатата година, а медиумите во САД тврат дека популарниот спортист може наскоро да стапи во брак.
Хајден Пенетиер и Владимир Кличко
Разликата во висината помеѓу американската актерка и украинскиот боксер е еден од најголемите во однос на познати парови. Хајден покрај Владимир изгледа многу ситно и како би не кога боксерот е висок 206 см, а таа 155 см . Тоа очигледно не ги спречи повеќе од пет години да бидат заедно. Парот доби ќерка на 9 декември и го доби името Каја Евдокија.
Кристина Ричи и Џејмс Хирдеган
Актерката Кристина Ричи и снимател Џејмс Хирдеген се во брак од октомври 2013 година, а пред седум месеци, станаа родители на момче. Актерката е само 155 см и разликата во висина помеѓу нив е очигледена.
Шакира и Жерар Пике
Колумбиската пејачка и шпанскиот фудбалер се еден од најубавите парови во шоу бизнисот. Разликата во висина меѓу нив е 35 см. Пејачката е 157 см, а фудбалерот на Барселона е 192 см. Шакира и Жерар се заедно повеќе од четири години и имаат два сина – Милан и Саша.
Ферги и Џош
Претходно оваа година, пејачката Ферги и нејзиниот сопруг Џош Дујамел, ја прославиа својата шеста свадбена годишнината. Познатата двојка во 2013 година го доби своето прво дете, момче, кое го нарекоа Аксел Џек. Меѓу нив постои забележлива разлика во висината.Ферги е 157 см висока, а тој 192 см.

You must be logged in to post a comment Login