Познатиот актер Џони Деп и популарниот водител Џими Кимел повторно се бакнале во популарната емисија на водителот. Откако се присетиле на минатогодишниот бакнеж, повторно си размениле нежни зборови, а потоа следел и вториот бакнеж.
– Минатиот пат кога беше овде, се бакнавме. Мислев дека имаме нешто заедничко, дека помеѓу нас има хемија, а веднаш по тоа слушнав дека си се верил – рекол Кимел низ шала.
httpv://www.youtube.com/watch?v=D8KkZdEAXVI
Ниту актерот не го заборавил минатогодишниот бакнеж со водителот, па и тој кажал нешто околу тоа:
– Жал ми е, но сепак, тоа што се случи меѓу нас беше само привремено. Знаеш на што мислам – рекол актерот и следел неговиот втор бакнеж.
httpv://www.youtube.com/watch?v=aV9ZQZD3XmM
Новиот бакнеж помеѓу Деп и Кимел, веруваме дека не остави лош впечаток на гледачите како и минатиот, но е убаво да се види дека сепак тоа е шоу и како тие се забавуваат.

You must be logged in to post a comment Login