Куќата во Мајами , не е ништо помалку од хотелот кој некогаш го уреди. Томи Хилфигер неспорно одбра совршен дом за својата фамилија. Иако вилата е купена уште од 2007 година, сепак за реновирање и за доста смели дела се одлучи оваа година.
- Тука сме поради одлична клима, латино атмосфера, уметност и палми, а највеќе поради забава- изјави Томи како причина зашто повеќе не се наоѓа во Њујорк.
Брачниот пар Хилфигер изнајми познат дизајнер да им ја уреди резиденцијата во нивниот стил потенцирајќи ја страста спрема уметноста.
Бидејќи поседуваат многу дела на познати икони од поп уметноста, дизајнерот оваа куќа ја замислил како како вид на галерија во која доминираат диско делови од 60тите и 70тите години на минатиот век.

You must be logged in to post a comment Login