Кети Пери, го смени својот изглед со нова фризура. Долгата коса драстично ја скрати, а нејзината трансформација беше инспирирана од една тв звезда.
- Ја барав фризурата на Крис Џенер – духовито искоментира таа на Инстаграм.
Таа вака многу потсетува на Крис Џенер, а некои медиуми веќе ги нарекуваат новите најдобри пријателки.
Последен пат Кети со долга коса прошета на забавата на Карл Лагерфелд во Њујорк, каде беше во друштво на Кара Делевинг, Кендал Џенер, Џиџи Хадид, Лили Колинс и Крис Џенер.
Кети и Крис таа вечер направија заедничка фотографија, па можеби во овој момент таа одлучи да ја смени својата фризура.

You must be logged in to post a comment Login