Кога ќе ги видиме нејзините фотографии, дури и во потполно лежерно издание, тешко е да се поверува дека атрактивната плавуша веќе има 57 години.
Шерон Стоун беше забележана на улиците во Лос Анџелес на прошетка со нејзиниотот син Квин. По тој повод, популарна актерка носеше шарен летен фустан со прерамки, што уште повеќе ги нагласи нејзините витки раце и затегнати нозе.
Својот шик изглед беше надополнет со ретро очила за сонце, едноставни балетанки и рачна кожна торбичка .
Како што е позната како некој кој се грижи за природен изглед и овој пат се одлучи за минимална количина на шминка и кратка “несредена” фризура која што изгледа одлично.
Шерон се забавуваше во посета на продавници со синот Квин (8), кој беше посвоен во 2006 година. Атрактивна русокоса ги посвои и Роана (14) и Лаирд (10). Како што во моментов нема партнер за своите синови се грижи таа самата.
На холивудската сцена Шерон се појави пред четврт век, кога се прослави со улогата во филмот “Основен инстинкт”, во кој глуми заедно со својот колега Мајкл Даглас. Иако е речиси на работ на седмата деценија, очигледно е дека сеуште ги поставува стандардите на убавина.

You must be logged in to post a comment Login