Преубава, згодна и не се срами да ги покажува своите стрии
Моделот Криси Тејган сопругата на пејачот Џон Леџенд започна лавина реакции само со една слика на Инстаграм. Криси ги има сликано своите нозе со цел да ги покаже модринки што таа ги добила и воедно таа напиша: “Јас ве поздравувам вас мои стрии”.
Таа не само што ги покажа своите стрии на нозе, ги инспирираше еден куп жени да стават на социјалните мрежи слики од своите стрии, со инспиративни цитати.
“Овие се моите лузни од битката”, “Ова е совршенство од несовршенство”, “Линиите со кои се докажува дека сум тигар”, “Линиите покажуваат дека сме преживеале пубертет”, се само некои од коментарите на девојки и жени кои гордо ги покажа своите “стрии “под хаштаг #LoveYourLines.
Погледнете !

You must be logged in to post a comment Login