Ријана е позната по тоа што во секоја прилика изгледа безпрекорно, а потоа почна со своите модни грешки. Таков беше случајот со последното појавување во јавноста.
На премиерата на филмот “Дом”, каде го позајмува гласот за еден од ликовите, Ријана се појави во розев фустан до глуждови кои ја следат линијата на телото во областа на торзото, додека на долниот дел имаме асиметрично ширење.
Розевиот сатен фустан со црни везени детали е трета модна грешка на Ријана во краток временски период. Во овој случај таа изгледаше надуено и несвојствено.
Прво се појави во балетанки со крзно, па носеше чорапи со папучи, а сега на ред дојде овој фустан.
Модните критичари ја пофалија само нејзината фризура која беше многу слична со Одри Хепберн во филмот “Појадок кај Тифани”.

You must be logged in to post a comment Login