Венчаницата на партнерката на Џорџ Клуни, Амал Аламудин е дело на дизајнерот Оскар де ла Рента.
“Тој е толку елегантен дизајнер, толку елегантен човек”, изјавила Амал за дизајнерот. Нејзиниот фустан е од француска свила и рачно зашиени бисери, со дијамантски детали и апликации од шантили-тантела.
Младоженецот се одлучил за црн кашмир смокинг, модел на својот пријател Џорџо Армани.
“Џорџо екласикаво класиката. Тојемој добар пријател долгигодиниивечерванеби била комплетнабезнего”, изјавилактерот.
За самиот дизајнер е “чест да го облече Клуни за овој повод, во кој тој е во главната улога на младоженецот”. Во смокингот на актерот има додадено и личен мотив – ракави, гравирани со неговото име на арапски јазик, кои се подарок од невестата.
“Џорџ и Амал емитуваа љубов цела ноќ, свадбата беше исклучително посебна, беше легендарна. Овие три дена со двете семејства, пријатели, атмосферата и сè друго ќе биде скап спомен до крајот на мојот живот”, изјавила мајката на невестата, Бери пред списанието “People “.

You must be logged in to post a comment Login