Повторно провоцира….
Од нејзиниот стил не се откажа ни на доделувањето на Греми наградите. Овој пат таа на црвениот тепих прошета во костум кој повеќе открива отколку што би требало, но сепак Мадона гордо позираше на фотографиите.
Долги кожни чизми над колена, кожни ракавици, чорапи кои стануваат полека, но сигурно нејзин заштитен знак, како и корсет кој беше истакнат во преден план, што воеедно се истакнуваа нејзините гради. Како да не е доволна таа провокација во еден момент поп кралицата го подигна своето здолниште и можеше да се забележи нејзината долна облека. Под својот корсет таа носеше камшик.
Поради оваа комбинација Мадона заврши на листата на најлошо облечени дами на вечерта, но ова не е прв пат нејзиниот ексцентричен вкус да наиде на критики.

You must be logged in to post a comment Login