Напорно работи, напорно тренира и сето тоа за време на работно време. Всушност, Викторија Бекам на посетата на Condé Nast колеџот во лондон застанала на подвижна лента која била под работната маса и истовремено работела и вежбала.
Секако Викторија била во своите вртоглаво високи потпетици, но тоа не ја спречило да трча на лентата.
Таа е жена која заработува милиони и не е необично да се види што се е спремна на направи за да биде успешна.
Таа е воодушевена од оваа идеа, а на својот Twitter профил напишала интересен коментар.
“Секоја канцеларија би требало да го има ова. Да вежбаш и да работиш во исто време е генијално”. Не се сомневаме дека една ваква лента ќе стави и во својата канцеларија. Викторија инаку го посетила колеџот за да им одржи предавање на студентите за иднината на модната индустрија.
