Нејзиното тело е сон на многу жени, а да имаат нешто да завидуваат ги покажа фотографиите, кои неодамна ги сподели со своите фанови.
Најплатениот пар во шоубизнисот Бијонсе и Џеј-Зи издвоиа неколку дена да се посветат еден кон друг, така што отидоа на краток одмор на Хаваите. Познатата двојка беше во можност да ужива во слободното време, бидејќи нивното три-годишно девојче Блу Ајви неколку дена е кај својата тетка Соланж.
Сликите од одмор се постирани на нејзината веб страница. Поп-дивата позираше во бикини и уште еднаш ја покажа својата совршена линија. Покрај своите облини, Бијонсе во преден план го стави новиот модел на бански костуми од нова линија на својот бренд.
Јавноста во последните недели шпекулираше дека таа користи фотошоп, па не беа ретки оние кои рекоа дека овие фотографии се одговор на поп дивата и доказ дека не и е потребен никаков фотошоп.

You must be logged in to post a comment Login