Семејството Кардашијан доживува вистинска семејна драма.
Најновите гласини велат дека Џенер се сплеткала со Лајонел Ричи од кого останала бремена со Клои. Магазинот InTouch објави дека Џенер имала афера со Ричи додека била во брак со Роберт Кардашијан и се повика на близок извор до пејачот.
Според изворот, Лајонел им открил на своите пријатели дека своевремено тајно се гледал со мажената Џенер.
Претходно, медиумите пренесуваа дека најмалата Кардашијан во суштина е ќерка на О`Џеј Симпсон, со кого Крис исто така имала афера.
Клои и самата се сомнева во тоа кој е нејзиниот татко, иако Крис е категорична дека тоа е покојниот Роберт Кардашијан.
Откако InTouch ја објави веста за Ричи, Клои се пошегува дека веќе не знае што да прави со толку татковци.
-Имам толку многу татковци, што започнува да ми се врти во главата, изјави таа.

You must be logged in to post a comment Login