Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____celebrity

Ким Кардашијан чека второ дете

Норт Вест ќе добие братче или сестриче. Светските медиуми пред неколку часа добија официјална потврда од смејството Вест, дека чекаат второ дете и тоа стана вест број еден.

Откако, во текот на шоуто Keeping Up With the Kardashians, Ким спомена дека повторно е бремена, но се чекаше и официјалната потврда.

-Тукушто ги добив резултатите и бремена сум – и’ соопшти Ким на Клои.

Ова всушност и не е големо изненадување, ако се има предвид дека 10-тата сезона од реалното шоу е во знакот на нејзините обиди да забремени по вторпат.

-Се трудиме, секој ден буквално. Мислам дека не постои некој што се труди повеќе од нас. Но, исцрпувачки е. Канје секогаш вели, Обидите за второ дете, не се толку интересни колку оние за првото. Се трудам тоа да не ми предизвикува стрес, бидејќи кога нема стрес изгледа токму тогаш ќе се случи  – изјави Ким месецов.

Таа тогаш изјави дека размислувала дури и за сурогат мајка кога е второто дете во прашање.

-Ако дојдеме до тој степен, зошто да не. Но, еве се обидуваме повеќе од година дена, па можеби ќе почекам уште година-две пред да донесам конечна одлука – велеше Ким тогаш, но според најновите информации, нема да има потреба од такво нешто.

За потсетување, славната двојка го доби првото дете, Норт Вест на 15-ти јуни во 2013 година.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Овој моќен зелен, лиснат зеленчук е полн со витамини и минерали, а е најпознат по високите нивоа на железо, што се неопходни за целиот...

Fine Living

90-тите се вратија во декорот на домот, но сега во помодерна, елегантна верзија. Минимализмот, некогаш ладен и стерилен, сега доаѓа со природни тонови и...

Cotton Club

Во ноќ на голема напнатост на модната писта на „Victoria’s Secret“, Бела Хадид привлече внимание со својот жежок и никогаш подобар изглед. Кога се...

Green Tea

Витаминот Ц е еден од најважните хранливи материи, кој во нашето тело игра клучна улога во одржувањето на доброто здравје. Иако често се препорачува...

Advertisement