Поради својата голема турнеја американската поп ѕвезда Кети Пери е моментално во Европа. Покрај големиот број на настапи таа наоѓа време за посета на културните и историските знаменитости во градовите кои ги посетува. Нејзиниот Инстаграм профил е полн со фотографии од главните градови на Чешка, Полска, Австрија, Италија.
Црнокосата пејачка на своите фанови им откри дека е воодушевена од потпренета кула во Пиза, од дворецот Белведере во Австрија. Во Минхен дојде до сознание дека луѓето правеле селфи фотографии уште пред многу години, а не криееше дека најубавите спомени и доаѓаат од Фиренца.
Триесет годишната кантавторка ја очекуваат бројни настапи во Белгија, Холандија, Германија, Шведска, Финска, па потоа тргнува на турнеа во Азија.

You must be logged in to post a comment Login