Реалити ѕвездата Ким Кардашијан влезе во сликата на елегантна икона на американското кино од 60-тите години Одри Хепберн.
Пред неколку дена убавицата од кланот Кардашијан учествуваше во снимањето на рекламата за енергетски пијалак. За таа цел таа се качила на голем црн велосипед, по што драматчно се струполила на земјата.
Поктај тоа за снимањето на рекламата 33-годишната Ким носела црна тоалета со ретро шик дизајн, инспириран од визија која Одри Хепберн ја демонстрирала во далечната 1954 година на снимањето на филмот “Сабрина”.
Мора да признаеме дека овој изглед со минималистички дизајн многу и одговара на Ким. А класичните црни панталони со висока половината одговараат многу повеќе на нејзиниот облик на телото, отколку тесните фустани и здолништа, со кои во принцип се појавува.

You must be logged in to post a comment Login