Како свадбен подарок Анџелина Џоли на својот сопруг Бред Пит му купила скапоцен Patek Phillipe рачен часовник вреден повеќе од 3 милиони долари.
Како што наведуваат британските медиуми, се работи за часовник од топена платина кој е направен во 1952 година, а Анџелина барала на позадината од часовникот да се изгравира посвета “Ролијо од Неса”, како што се викаат ликовите кои тие двајца ги толкуваат во новиот филм By the sea, кој моментално се снима на Малта.
Ова не е прв пат познатата актерка да му дава на Пит вредни подароци, а пред две години му купи хеликоптер вреден 1,6 милиони долари.

You must be logged in to post a comment Login