Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____celebrity

Џенифер Лопез за разводот од Бен Афлек: „Минав низ сите можни терапии“

Веста за разводот на Џенифер Лопез и Бен Афлек се појави во август минатата година, две години откако се венчаа.

Џенифер Лопез поднесе барање за развод во Вишиот суд на округот Лос Анџелес, наведувајќи „непомирливи разлики“ како причина.

Во овој период, двајцата дадоа неколку интервјуа, во кои разводот, секако, беше една од главните теми. Во неодамнешно интервју, Лопез сподели како им ја соопштила веста на своите деца, Ема и Макс, кои ги има од бракот со Марк Ентони, пренесува nova.rs.

Во разговор за „Ел Паис“, таа изјави:

„Имав навистина тешка година. Се случија неочекувани работи. Читав многу книги и работев многу на тоа да се запознаам себеси. Медитирав, се молев многу. Сакав да го подобрам мојот однос со Бога и цврсто да ја поврзам семејната единица што ја сочинуваат мене и моите деца, моите близнаци. Им реков: Ви ветувам, ова е тежок период, но ќе видите дека кога ќе заврши, ќе излезам посилна и подобра. Им го ветив тоа – и го одржав. Сега и тие го чувствуваат тоа, а тоа ми носи огромен мир.“

Откако се разведе, вели таа, се фокусирала на сопствената благосостојба и благосостојбата на нејзиното семејство.

„Прочитав многу книги за детството, бракот, врските, различните стилови на љубов, мозокот, науката… Низ годините, поминав низ индивидуална терапија, брачна терапија, семејна терапија. Пробав сè, секогаш барам нешто. Мислам дека клучот е да се запознаеш себеси. Мора да бидеш спремен и навистина да сакаш нешто – и дури и кога го сакаш, тешко е да промениш некои работи. Но, тоа е можно.“

Прочитај

Advertisement