Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____celebrity

Скандал во Кан! Дензел Вашингтон се налути на фотограф, му се приближи, а потоа настана хаос (ВИДЕО)

Дензел Вашингтон го откажа учеството на прес-конференцијата за филмот „Највисоко 2 Најниско“ по инцидентот со фотограф на Канскиот филмски фестивал затоа што го повлекол за рака! Добитникот на Оскар, кој има 70 години, ги шокираше обожавателите претходната вечер кога беше виден како покажува со прст во лицето на фотограф на црвениот тепих.

Легендарниот актер Дензел Вашингтон синоќа на Канскиот филмски фестивал доби почесна Златна палма. Тој дури и не знаел дека ќе биде награден, па затоа доживеа големо изненадување, откако го пречека многу непријатна ситуација на црвениот тепих.

Дензел Вашингтон синоќа присуствуваше на премиерата на филмот „Највисоко 2 најниско“ на Спајк Ли, во кој игра њујоршки музички могул, заедно со гореспоменатиот режисер и Асап Роки, кој го имаше своето актерско деби во овој филм, а на црвениот тепих беше придружуван од Ријана.

Вашингтон разговарал со Спајк Ли на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал кога еден фотограф го зграпчил за рака. Во тој момент, и Асап Роки му се приближил на актерот, а потоа оскаровецот извикал: „Престани“. Тој го предупредил фотографот да не го влече за рака, но го сторил тоа повторно, што го направило познатиот актер уште погневен и продолжил да вика: „Престани, престани“.

Фотографот се смееше цело време, додека Дензел Вашингтон вриеше од лутина. Асап Роки ја смири малку ситуацијата, која беше на работ на вриење. Тензијата беше толку голема што се чинеше дека ќе избие физичка пресметка. Малку е веројатно дека актерот би си го дозволил тоа, но изгледаше многу, многу вознемирено.

Погледнете како изгледаше скандалот на Канскиот филмски:

Прочитај

Advertisement