Џенифер Анистон официјално повторно ја пронајде љубовта, потврдуваат новите фотографии од Шпанија, поточно од шпанскиот остров Мајорка.
Според странските медиуми, станува збор за згодниот хипнотизер Џим Кертис. Откако „Дејли меил“ откри дека актерката од „Пријатели“ (56) го поминала Денот на независноста со лајф коучот, Анистон се сретнала со Кертис во четврток на романтичен одмор на јахта на Мајорка.
Опуштената актерка била видена како се релаксира со својот партнер во друштво на пријатели, држејќи го за рака, што ги потврди медиумските извештаи дека ова е нејзиното ново момче.
Jennifer Aniston CONFIRMS romance with hunky hypnotist with loving PDA https://t.co/1stKUptqHa via @DailyMailCeleb
— flatearth world news (@FLATEARTHCENTER) July 12, 2025
Џенифер се забавува со Џим и е многу среќна, но засега работите одат бавно. Нејзините пријатели се возбудени за новата романса, а оние што го запознале мислат дека се совршен пар. И двајцата делат длабока љубов кон психологијата, а Џен мисли дека Џим е доста исклучителен во тој поглед. Џен ги прочитала речиси сите книги за самопомош што вреди да се прочитаат, а влегувањето на Џим во нејзиниот живот изгледало како судбина. „Беше средба на умовите. Џен се чувствува многу поврзана со Џим бидејќи имаат исто ниво на емоционална интелигенција, за разлика од некои од нејзините претходни додворувачи“, изјавил извор за Дејли Меил.
