Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____celebrity

Ријана го покажа трудничкото стомаче во Кан – блескаше во син фустан, а сите гледаа во еден детаљ (ФОТО)

Асап Роки се појави во Кан на премиерата на филмот „Highest 2 Lowest“ на Спајк Ли без својата партнерка Ријана, но пејачката му се придружи подоцна, по проекцијата.

Ријана и Асап Роки по проекцијата на филмот на Канскиот филмски фестивал,излегоа од киното по дождот создавајќи сцена што потсетуваше на нејзиниот хит „Under My Umbrella“.

Фестивалот зрачеше со кинематографска атмосфера, а двајцата дополнително го разубавија гламурозниот настан.

Ријана го покажа своето трудничко стомаче
Ријана, која на овогодинешната Мет Гала откри дека е бремена по трет пат, блескаше во светло син фустан со исечоци кои го истакнуваа нејзиното трудничко стомаче.

Позната по смелите модни изданија за трудници, таа не разочара ниту овој пат. Носеше елегантна фризура и тесни сандали, веројатно поради бременоста.

Роки ги покажа новите златни заби
Роки беше во стил – во костум, со чадор во рака и полн со внимание кон Ријана. На црвениот тепих, тој постојано ја прегрнуваше, ја бакнуваше и нежно ја допираше по стомакот. Во еден момент, неговата насмевка со златни заби, кои совршено одговараа на неговиот ексцентричен стил, го привлече вниманието.

Двојката веќе има два сина,а Роки изјавил дека е вистинско време Ријана јавно да ја сподели веста за својата трета бременост. Пејачката претходно изјави дека би сакала девојче, иако е поверојатно дека повторно ќе има момче. Сепак, сигурно е дека Рири ќе биде пресреќна без оглед на полот на детето.

Прочитај

Advertisement