Американската реалити ѕвезда Ким Кардашијан доживеа несреќа додека позираше на Мет Гала во Музејот на уметност Метрополитен во Њујорк, а снимката стана вирална на социјалните мрежи.
Додека позирала на синиот тепих, ноктот и се скршил и паднал на подот, а фоторепортерите снимиле се.
„Кој друг носи прес-он нокти на ваков настан?“, „Сигурен сум дека маникирката ќе биде ставена во подрум. Никогаш повеќе нема да се види“, „Сите барем еднаш сме биле во слична ситуација“, се дел од коментарите на Инстаграм.
Ова не беше единствениот пех што ја снашол на Мет Гала. Како што е познато, обезбедувањето и го згазна фустанот додека таа излегуваше од хотелот.
Таа се изнервира, се сврте кон него и ја крена раката, а потоа продолжи да оди кон автомобилот. Некои сметаат дека нејзината реакција е сосема нормална, додека други сметаат дека не требало вака да се однесува.
Мет Гала се одржа во Музејот на уметност Метрополитен и собра многу други познати личности, меѓу кои Дуа Липа, Сабрина Карпентер, Џорџина Родригез…
Поединечна карта за Мет Гала чини 75.000 долари, а почетната цена за резервација на маса за повеќе гости е 350.000 долари. Мет Гала собира средства за Музејот на уметност Метрополитен. Годинава се собрани дури 31 милион долари, што е најголема сума во 77-годишната историја на овој настан.
