Американската актерка и пејачка Кети Пери и канадскиот политичар Џастин Трудо беа видени како вечераат заедно во ресторанот „Ле Виолон“ во Монтреал.
Нивното излегување привлече внимание од јавноста, особено затоа што се случи само еден месец откако Пери раскина со нејзиниот долгогодишен партнер Орландо Блум.
Според странските медиуми, Пери и Трудо седеа еден спроти друг на маса покрај прозорецот, каде што уживаа во коктели и разни јадења во опуштена атмосфера. За време на вечерата, готвачот на ресторанот наводно им се приближил за да ги поздрави, а подоцна лично им се заблагодариле на персоналот во кујната за одличната храна и услуга.
Katy Perry and Justin Trudeau, the former Canadian Prime Minister, were seen together at a dinner date in Montreal 👀
— Mayank (@Mayanklll) July 29, 2025
(via TMZ) pic.twitter.com/hP3N0ECTji
Иако сè уште не е познато дали средбата била чисто пријателска или нешто повеќе, фактот дека се случила кратко време по раскинувањето на Пери и Блум дополнително ги поттикна шпекулациите.За потсетување, Кети Пери и Орландо Блум беа во врска девет години. Се верија во 2019 година, а во 2020 година ја добија ќерката Дејзи Дав.
