Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____celebrity

Длабоко деколте и здолниште со скапоцени камења: Атрактивен изглед на холивудската актерка која изгледа фантастично на 60 години

Премиерата на филмот „Злосторство 101“ се одржа пред неколку дена во Лондон, а ѕвезда на вечерта беше холивудската актерка Хали Бери.Таа годинава ќе наполни 60 години, а со својот синоќешен изглед покажа дека старее како вино.

Хали Бери ја покажа својата беспрекорна фигура во моќна комбинација на која многумина би ѝ завидувале.

Горниот дел од стајлингот беше тесно црно боди со долги ракави од Илкјаз Озел и длабок V-изрез што допираше под градите. Беше привлечен, но никако вулгарен.Актерката го „зачини“ горниот дел од облеката со долга огрлица со цветен привезок.

Долниот дел од стајлингот на актерката се состоеше од сребрено макси здолниште целосно украсена со скапоцени камења, што додаваше разиграност на целиот аутфит.

Актерката целиот аутфит го искомбинира со црни платформи, а носеше и масивни прстени како накит.

Актерката претходно изјави дека „привилегија е да се старее“, а со својот изглед гледаме како таа ѝ пркоси на природата.

  • Се чувствувам добро во својата кожа, се грижам за неа. Секоја брчка што ја имаме е дел од нашата убавина додека старееме, нагласи холивудската ѕвезда.

Прочитај

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Овесна каша, мед и јаболков оцет можат брзо да го смират чешањето и црвенилото по каснување од комарец. Колку и да го сакаме летото,...

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Advertisement