Актерот Хју Грант, судејќи според снимките, малку му здодеа на Вимблдон.
64-годишниот актер им се придружи на голем број познати личности на трибините за време на натпреварот помеѓу Новак Ѓоковиќ и Флавио Коболи, објавува Citymagazine.
Камера на BBC го сними моментот кога Хју накратко задрема – само неколку минути откако разговараше со кралицата Камила. Гледачите беа воодушевени кога го видоа на екранот.
Пред да заспие, Грант беше во одлично расположение. Со насмевка на лицето, тој разговараше со кралицата.
Hugh Grant is taking one of the most expensive naps in human history right now pic.twitter.com/4OydHpEr4S
— BetMGM 🦁 (@BetMGM) July 9, 2025
Секако, снимката од Хју Грант како спие брзо се прошири низ мрежата X, а шегите не престануваат да доаѓаат.
„Нека го разбуди некој Грант“, „Хју Грант спие на тенискиот терен, хаха“, „Најскапата дремка во историјата“ – се само дел од коментарите од гледачите.
