Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

Зошто е добро да танцуваме?

Танцот без сомнеж е најубавата физичка активност која го зајакнува нашето тело и нашиот дух. Освен што има големи здравствени придобивки, тоа е и еден начин на вежбање – па така може да го добиете вашето тело од соништата.

sogoruva-kalorii-go-odrzuva-mentalnoto-zdravje-zosto-e-dobro-da-tancuvame-01

Ова се останатите причини зошто треба да танцувате:

1. Ги согорува калориите

Танцот е совршена вежба за целото тело,а  се проценува дека согорува од 10 – 20 калории во минута – во зависност од интензитетот и брзината на танцување.


2. Ја прочистува крвта

Истражувањата покажуваат дека со помош на танцот може да го намалите нивото на лош холестерол во крвта (LDL) и да го зголемите добриот холестерол (HDL). Исто така, танцувањето може да им помогне на дијабетичарите да го контролираат нивото на шеќер во крвта.


3. Ги зајакнува коските и зглобовите

Танцот е една од најубавите и најпријатни физички активности кои прават да се чувствуваме убаво и притоа ги јакне коските, зглобовите и ја зголемува еластичноста на мускулите. Плус, помага во превенција и лечење на остеопороза и артритис.


4. Им помага на мозочните бразди да останат во форма

Танцувањето ја подобрува нашата меморија. За да можеме да танцуваме треба да ги запаметиме чекорите и рутините – а токму поради тоа ова е одлична ментална вежба за мозокот.


5. Ја зачувува нашата младост

Не е тајна дека танцувањето го забавува процесот на физичко и ментално стареење. Со него, го зголемуваме капацитетот на градите, го зајакнуваме кардиоваскуларниот состав на телото и плус се полниме со позитивна енергија – а со тоа, не му дозволуваме на нашиот дух да остари.


6. Ги зацврстува односите и зближува

Танцот со пријателите не само што е докажано најдобрата метода за слабеење туку е и еден од најдобрите облици на забава. Создава социјален живот и ни дава прилика да запознаеме нови луѓе. Танцувајќи, растеме и се зближуваме.


7. Танц = среќа

Танцот се поврзува со ендорфинот во нашата крв. Ендорфинот,  уште познат како „хормон на среќата“  го подобрува нашето расположение и ни помага да се бориме против стресот и депресијата – што ја зголемува нашата самодоверба.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Route 66

Ова е целта што инвеститорот според бизнис планот и потпишаниот договор е должен да ја исполни – посочи Деспотовски. Според медиумите од Северна Македонија,...

Fine Living

Распространетиот коњанички имот има замок со осум спални соби и 150-години стара чуварска куќа. Двејн Џонсон се префрли во селата на Џорџија.Ентитет поврзан со...

Route 66

Повикувајќи се на добро информирани извори, Bloomberg објави дека Renault размислува да продаде дел од својот удел во Nissan за да собере неколку милијарди...

Fine Living

Домот на Ема Робертс покажува како да се создаде атмосфера на топлина и релаксација во со детали, бои и материјали.Актерката(и внука на Џулија Робертс)...

Advertisement