Еден децилитар сок од свежа сирова зелка секое утро може брзо да ги отстрани тегобите предизвикани од гастритис. Тоа е традиционален лек кој го препорачуваат и многу лекари. Зелката е богат извор на глутамин кој помага во зацелување на слузницата и намалување на надразнетост на желудникот.
Што треба да се избегнува? Месото, месните преработки и намирници од животинско потекло (млечни производи и јајца), брза храна, грицки, инстант супи, производи од бело брашно, животински масти, рафинирани масла и маргарин. Исто така да не ги забораваме алкохолот, цигарите и кофеинот.

You must be logged in to post a comment Login