Има луѓе кои цела сезона нема да “закачат“ ни грип, ни настинка. Еве во што се состои нивната тајна.
Советите на луѓето кои не се разболуваат можат да ви бидат мошне полезни и на вас оваа сезона и да ви помогнат да поминете без болести.
Масажа
Масажата може да го намали чувството на анксиозност и поради што се намалува нивото на стрес. Доволно е да се оди на масажа еднаш месечно.
Туширање со ладна вода
Луѓето кои не се разболуваат велат дека ладниот туш им помага кога ќе почувствуваат дека имаат малку енергија и јака мигрена. Доволно е само една минута туширање со ладна вода.
Миење на рацете
Миењето на рацете е првата активност со која се спречува ширењето на болестите. Рацете со сапун би требало да ги миете најмалку 30 секунди.
Пијте витамин Ц и цинк
За превенција од настинки корисно е да се конзумираат намирници богати со витамин Ц, а за спречување на вируси да се размножуваат се препорачува цинк. Значи, за да не настинете пијте витамин Ц, а доколку се случи тоа земете цинк со цел настинката да помине побрзо и полесно.
Јадете повеќе лук
Лукот е богат со антиоксиданси и е природен антибиотик кој го потикнува имунитетот и се бори против воспаление.
Размислувајте позитивно
Во едно истражување испитаниците кои имале зголемена активност во делот од мозокот поврзан со позитивниот став, имале поголемо ниво на антитела против грип во крвта. Ако не можете често да бидете позитивни, експертите советуваат да бидете барем помалку негативни.