Запекот и лошиот режим на исхрана се најчестите причини за подуеност и гасови. Ако сакате да го отстраните ова непријатно чувство направете го овој вкусен пијалок кој набрзо ќе ги реши вашите проблеми со варењето на храната и ќе ви го даде она чувство на ситост и задоволство. Влакната кои се наоѓаат во овошјето и црната чоколада, како и кофеинот, го забрзуваат метаболизмот и варењето, а помага и за намалување на килограми.
Состојки:
1 филџан јагоди, може и замрзнати,
1 филџан малини, свежи или замрзнати,
2 реда црна чколада,
1 филџан млеко,
1 филџан мраз.
Подготовка:
Состојките ставете ги во блендер и добро измешајте. Пијалокот се пие наутро како појадок или помеѓу ручекот и вечерата. Уживајте во пријатниот вкус и здравиот десерт кој ќе ве засити и ќе ве ослободи од подуеност и гасови.

You must be logged in to post a comment Login