Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

Природен сок против камен во бубрег

Камењата во бубрег најчесто се состојат од калциум, а можат да бидат предизвикани од премногу сол во исхраната што стимулира лачење на калциум во мокрачата. Другиот тип камења се создаваат од уринарната киселина, нуспродукт како последица од исхрана која изобилува со многу протеини.

Најпрво треба да ја ограничите конзумацијата на сол во секојдневната исхрана.

Внимавајте на количината калциум и протеини кои ги внесувате во организмот и пијте многу течности кои ќе го преполоват ризикот од создавање на кристали во уринарниот тракт.

За време на едно истражување калифорниски експерти разредиле 0,12 литри сок од лимон во 2 литри вода кој го понудиле на болните со камен во бубрег. Утврдиле дека овој пијалок значително го намалил процесот на формирање бубрежни камења.

Лимонот навистина е уникатен. Од сите цитруси лимонот содржи највисока концентрација на цитрати кои на природен начин го инхибираат создавањето на камења во бубрезите. Другите сокови немаат толку многу цитрати. Кога пиете сок од лимон не додавајте шеќер.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Овој моќен зелен, лиснат зеленчук е полн со витамини и минерали, а е најпознат по високите нивоа на железо, што се неопходни за целиот...

Fine Living

90-тите се вратија во декорот на домот, но сега во помодерна, елегантна верзија. Минимализмот, некогаш ладен и стерилен, сега доаѓа со природни тонови и...

Cotton Club

Во ноќ на голема напнатост на модната писта на „Victoria’s Secret“, Бела Хадид привлече внимание со својот жежок и никогаш подобар изглед. Кога се...

Green Tea

Витаминот Ц е еден од најважните хранливи материи, кој во нашето тело игра клучна улога во одржувањето на доброто здравје. Иако често се препорачува...

Advertisement