Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

Превисока цена: Нема да верувате колку се штетни високите потпетици

Сакате да носите високи потпетици? Вистина е дека ногата во нив изгледа подобро, но најновото истражување открива дека цената за таа убавина е сепак превисока. После еден час, 6 минути и 48 секунди носењето високи потпетици почнува да претставува проблем. За 20% почувствителни жени болката доаѓаа многу порано, поточно десетина минути после носење.

Над третина од испитаниците изјавиле дека за време на вечерно излегување нозете толку многу ги болеле, па дома се враќале боси. Истражувањето покажува дека високите штикли се многу поштетни отколку се мислело.

Ортопедот Мајк О Нил предупредува дека ситуацијата дополнително се влошува и од фактот дека многу жени купуваат чевли помал број што пак резултира во сериозно оштетување на коската и нервите.

Нема сомнеж дека жените поради високите потпетици го загрозуваат своето здравје и тоа во име на модата. Кога треба да се избере помеѓу модерни штикли и здрави нозе, многу од жените ќе изберат штикли, дополнува доктор О Нил.

Објаснува како високите потпетици се штетни за грбот бидејќи жените кога ги носат се наведнуваат кон назад што доведува до потенцијално оштетување на рбетниот столб. Покрај тоа, високите потпетици им наштетуваат и на прстите на ногата бидејќи премногу ги стегаат и ги деформираат.

За разлика од жените, мажите ретко би се одлучиле за убави, а неудобни чевли. Тие многу повеќе ја ценат удобноста и здравјето. Експертите веруваат дека причината е во традиционалното верување и очекување дека жените се тие кои мора да се убави, а убавината некако мора да се плати.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Овој моќен зелен, лиснат зеленчук е полн со витамини и минерали, а е најпознат по високите нивоа на железо, што се неопходни за целиот...

Fine Living

90-тите се вратија во декорот на домот, но сега во помодерна, елегантна верзија. Минимализмот, некогаш ладен и стерилен, сега доаѓа со природни тонови и...

Cotton Club

Во ноќ на голема напнатост на модната писта на „Victoria’s Secret“, Бела Хадид привлече внимание со својот жежок и никогаш подобар изглед. Кога се...

Green Tea

Витаминот Ц е еден од најважните хранливи материи, кој во нашето тело игра клучна улога во одржувањето на доброто здравје. Иако често се препорачува...

Advertisement