Освежителната Саси вода не е еден од оние одвратни пијалоци кои морате да ги пиете со затворен нос. Ако мислите дека од масните наслаги на стомакот нема спас, постои пијалок кој можете да го направите сами и без гладување да имате затегнат стомак.
Светски познатиот нутриционист Синтија Саси осмислила едноставен пијалок кој ја намалува подуеноста, го подобрува варењето на храната, топи масни наслаги и помага сите телесни функции да работат без потешкотии.
Состојки за Саси вода:
8 чаши вода
1 лажица рендан корен од ѓумбир
1 свежа краставица излупена и исечена на тенки кришки
1 лимон исецкан на кришки
12 листови свежо нане
Овие состојки се мешаат со вода. Оставете да отстојат во водата во текот на ноќта за да ги испуштат своите екстрати. Водата се конзумира во текот на следниот ден. Се пие секојдневно, се додека не ја почувствувате разликата, односно се додека не ве собере во помал конфекциски број.

You must be logged in to post a comment Login