Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

Опасни за здравјето: Ги имате ли овие производи во својот дом?

Многу од производите кои секојдневно ги користиме се опасни за здравјето, особено ако ги користите често и континуирано. Време е да направите сериозни промени.

Пуканки од микробранова

Иако се вкусни пуканките изобилуваат со штетни хемиски супстанции кои се поврзуваат со редица болести, вклучувајќи ги тука и оние најопасните – карциномите. Пуканките сами по себе не се штетни, но овие од микробранова поради опасните хемиски споеви треба да ги избегнувате.

Антибактериски сапуни

Триклосан, хемиски пестицид кој е составен дел на антибактериските сапуни се поврзува со оштетување на штитната жлезда, пореметување на хормоналниот баланс како и со разни инфекции. Наместо бактериски сапун изберете обичен кој со редовна и правилна употреба сосема добро ќе ги измие вашите раце.

Хемиски отрови

Можеби на прв поглед мислите дека не користите хемиски отрови во домаќинството, но размислете повторно. Хемиски отрови се сите спрејови против инсекти, средствата за чистење маснотии во кујната, како и разни прашоци против инсекти. Сето тоа е особено штетно и отровно па затоа изберете некоја друга алтернатива.

Облека која не се гужва

Идејата за облека која не мора да се пегла навистина звучи прмамливо. Но таквата облека е отровна. Зошто? Содржи формалдехид кој особено неповолно делува на здравјето и предизвикува разни болести, па дури и карцином.

Освежувачи

Независно дали се работи за спреј или оние кои се вклучуваат во струја, освежувачите на воздухот не се наши пријатели. Содржат цела колекција хемиски соединенија, кои, замислете ја иронијата, всушност го загадуваат воздухот. Овие хемикалии се поврзуваат со карцином, астма, алергии и хормонски пореметувања. Наместо тоа, отворете ги прозорите и пуштете да влезе свеж воздух.

Садови кои не ја лепат храната

Садовите со нелепливо дно денес се апсолутен хит бидејќи лесно се чистат. Но исто така, овие исти садови претставуваат голема опасност за вашето здравје. Содржат особено карценогени хемикалии и ако ги користите подолго време, би можеле да нанесете сериозна штета на здравјето на цело семејство.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Овој моќен зелен, лиснат зеленчук е полн со витамини и минерали, а е најпознат по високите нивоа на железо, што се неопходни за целиот...

Fine Living

90-тите се вратија во декорот на домот, но сега во помодерна, елегантна верзија. Минимализмот, некогаш ладен и стерилен, сега доаѓа со природни тонови и...

Cotton Club

Во ноќ на голема напнатост на модната писта на „Victoria’s Secret“, Бела Хадид привлече внимание со својот жежок и никогаш подобар изглед. Кога се...

Green Tea

Витаминот Ц е еден од најважните хранливи материи, кој во нашето тело игра клучна улога во одржувањето на доброто здравје. Иако често се препорачува...

Advertisement