Се докажа дека трајните бои за коса реагираат со димот од цигари и други загадувачи на воздухот, па создаваат една од најканцерогените формули познати на човекот – Н Нитрозамин. Велат дека сите информации за евентуалната штета веќе биле познати, и дека оваа студија само ги споила точките и ја поврзала со опасноста од ракот.
Со оглед на тоа дека повеќето жени редовно ги користат овие препарати, научниците сметаат дека ризикот по здравјето мора да се обелодени преку поширока масовна кампања.
Предупредуваат дека хемикалиите наречени секундарни амини кои се содржат во бојата за коса можат да продрат низ кожата и да останат таму со седмици и месеци, па дури и со години после нанесувањето на боја. Со време овие амини реагираат со димот од цигари и останати издувни гасови формирајќи го смртоносниот Н Нитрозамин.
Н Нитрозамин е забранет да се употребува во козметичката индустрија поради поврзаноста со појава на рак. Професорот Дејвид Левис, еден од авторите на студијата вели: “Во оваа фаза не можеме да бидеме сигурни за количината на Н Нитрозамин кој се создава при реакцијата ни пак нивото на ризикот кој овие состојки го претпоставуваат, но е јасно дека постои потенцијален ризик!“
“Во интерес на безбедноста на потрошувачите, императив е да отвориме независна истрага и да го дефинираме нивото на токсичност на овие компоненти и да го одредиме конкретниот ризик“, вели Левис како заклучок.
Иако со години бојата за коса се поврзува со појавата на рак, вклучувајќи рак на градата, мочниот меур, јајниците, како и леукемија, козметичката индустрија упорно го негира ова тврдење.

You must be logged in to post a comment Login