Еден од стереотипите е митот дека вежбањето потикнува глад и дека после физички напор со храна ќе ги надополниме потрешените калории, но најновите истражувања зборуваат поинаку.
Според статијата објавена во списанието Science Daily, истражувањата спроведени во Јапонија и Англија покажува дека некои вежби имаат спротивно дејство – го намалуваат апетитот.
Најдобри резултати се постигнуваат со скокање со јаже. На второ место е трчање, со што се потиснува апетитот повеќе отколку со возење велосипед.
Јапонските научници набљудувале 15 здрави мажи на возраст од 24 години кои наизменично скокале со јаже, возеле велосипед или се одмарале. Експертите ги прилагодиле двете вежби, и скокањето со јаже и возењето велосипед со цел потрошувачката на енергија да биде еднаква.
За време и после вежбањето на доброволците им биле мерени хормоните одговорни за апетит и глад и ги прашале колку субјективно се гладни и каква храна би сакале да јадат. Се покажало дека најгладни биле оние кои одмарале.

You must be logged in to post a comment Login