Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

Која крвна група е послаба од останатите?

Различните крвни групи, односно тоа што постојат четири крвни групи A, B, AB и 0, е резултат на еволуционата предност на истите. Поточно, тоа е причината поради која секоја крвна група се разликува една од друга.

Австрискиот доктор Карл Ландштајнер во 1900-та година открил дека постојат три крвни групи A, B i 0. Тоа било огромно откритие кое во 1930-та година му донело и Нобелова награда за постигнување во медицината.

Неколку години подоцна е откриена и крвната група AB.

Она што прави една крвна група да се разликува од друга, се антигените, односно обвивката околу црвените крвни зрнца која помага на телото да препознае кои крвни клетки се ваши.

Значи, ако пациент со крвна група А добие трансфузија од донатор кој припаѓа на крвната група B, неговите антитела ќе ја одбијат добиената крв, бидејќи не му одговара.

Тука постои и ризик од згрутчување на крвта што може да му го загрози животот на пациентот.

Што треба да знаете за вашата крвна група?

Постојат два главни типови на антигени кои ги опкружуваат црвените крвни зрнца, наречени A и B. Ако вашата крвна група е AB тогаш во телото имате и од двата типа на антигени.

На крвната група 0 пак, ѝ недостасуваат и двата типа на антигени, па антителата на пациентите со крвна група 0 може да ги нападнат овие антигени, ако примат крв која ги има.

Токму поради тоа, личностите со крвна група 0 смеат да примат крв само од нивната група.

Крвната група А е најстара крвна група, а сите други видови се создадени како резултат на мутации кои му биле потребни на човекот за да преживее, односно да може да се бори со одредени болести.

Така, пред 5 милиони години настанала крвната група 0, а набрзо потоа и В.

Се верува дека тие мутации „преживеале“ поради отпорноста на доредени болести.

Така, научниците откриле дека клетките заразени со маларија не се врзуваат со крвната група В и 0, што значи дека, овие личности се поотпорни на маларијата, од личностите кои имаат крвна група А.

Според некои, токму затоа, крвната група А може да се дефинира како „послаба“ од останатите.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Route 66

Ова е целта што инвеститорот според бизнис планот и потпишаниот договор е должен да ја исполни – посочи Деспотовски. Според медиумите од Северна Македонија,...

Fine Living

Распространетиот коњанички имот има замок со осум спални соби и 150-години стара чуварска куќа. Двејн Џонсон се префрли во селата на Џорџија.Ентитет поврзан со...

Route 66

Повикувајќи се на добро информирани извори, Bloomberg објави дека Renault размислува да продаде дел од својот удел во Nissan за да собере неколку милијарди...

Fine Living

Домот на Ема Робертс покажува како да се создаде атмосфера на топлина и релаксација во со детали, бои и материјали.Актерката(и внука на Џулија Робертс)...

Advertisement