Луѓето кои патат од болки во колената, со конзумирање на ѓумбир, масла и риба може да се решат од оваа непријатна ситуација. Ефикасноста во овие наведени намирници има своја искусна потврда, а се подеднакво делотворни без оглед на долготрајноста на болката , тврди виенскиот доктор Хадемар Банкхофер. Проблемите не мораат да бидат поради истрошеноста на зглобовите, кои се карактеристични за постарата популација. Некогаш настануваат поради оштетување или поради некој наследен фактор.
Докторот Банкхофен тврди дека масажа со масло од камилица, кантарион, маслинки, азијски тигрови масти, можат да бидат чудотворни. Само е прашање на кој што му одговара, бидејки наведените мелеми мораат прво да се испробаат. Во исхраната мора да се вметне и морска риба лосос, харинга и скуша. Овие врсти на риби се богати со омега-3 масни киселини, кои не само што го зајакнуваат срцето, туку и зглобовите.
Корењата од ѓумбир навистина може да биде делотворен. Лекот се припремува така што од свежиот корен се одсекува едно парче, се ренда па со таа маст се нанесува на зглобот. ЗА потполен ефект, истовремено треба да се пие и чај од сите зачински растенија.

You must be logged in to post a comment Login