Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

Цигарите се 18 пати поштетни за жените!

Иако е добро познато дека пушењето предизвикува белодробен карцином, најновото истражување покажало дека тој ризик за жените е многу поголем.
Неодамнешната студија спроведена во универзитетот во Калифорнија открива дека кај жените кои пушат шансите да добијат рак се многу поголеми за разлика од мажите пушачи. Во извештајот се вели исто така дека смртноста кај жените пушачи поради карцином на белите дробови е многу пати поголема за разлика од посилниот пол.
И покрај сите предупредувања за штетата што ја предизвикуваат цигарите, повремените пушачи или оние кои пушат само кога пијат и во друштво се исто така честа појава, односно и кај нив се забележуваат тешките последици од цигарите, па затоа немојте да се залажувате дека ако припаѓате на оваа група за вас нема опасност. Освен тоа цигарите се тешка зависност и само е прашање на време за тоа кога ќе преминете во редовен пушач.
Ако сте веќе долгогодишен активен пушач, обидете се да ги замените цигарите со електронска таква, и постепено искоренете ја оваа лоша навика – вашите бели дробови ќе ви бидат благодарни!

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Advertisement