Желудочната киселина е пресудна за добро варење на храната, но кога организмот е под стрес – нејзината количина може да се намали па така целиот систем на варење да се наруши. Топла вода со парче лимон и сецкан ѓумбир може да го реши тој проблем.
Оваа комбинација е одличен начин да го подобрите варењето на храната. Ѓумбирот е полн со антиоксиданси кои помагаат за отстранување на штетните хемикалии кои ги произведува нашето тело кога сме вознемирени, па ѓумбирот помага и за намалување на психолошкиот стрес.
Подготовка:
Коренот од ѓумбир се мие и се лупи. Потоа се ренда или се сецка, корен со големина 2 см. Попарете го со половина литар врела вода и оставете да отстои 15 минути. После тоа се процедува и се додаваат неколку кришки лимон.

You must be logged in to post a comment Login